Фолтин, Соња Исмаил, Марга Сол, ДЈ Дино - дел од финалето на Фестивалот на слободата

На 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права, во Музејот на Град Скопје, од 17:30 до 23 часот, ќе се одржи финалната вечер на овогодинешното издание на Фестивалот на слободата, со кој ЦИВИЛ воедно прославува и 20 години од постоењето.

Последната фестивалска вечер вклучува богата мултимедијална програма: настап на авангардните Фолтин, ДЈ сетовите на Соња Исмаил, Марга Сол, ДЈ Дино,  активистички филм-фест на успешни стории што го менуваат светот, изложба на фотографии и уметнички дела, поетско – сценски перформанси и други изненадувања.

Сите граѓанки и граѓани се добредојдени да го одбележиме заедно јубилејот и да испратиме силна порака за почитување на човековите права, секаде и без исклучок. Влезот за сите посетители е бесплатен.

ЦИВИЛ тим за комуникации

Оваа вест е достапна и на: English