Денеска се одржува регионалниот состанок „Стеснување на просторот за актерите во граѓанското општество во регионот на Југоисточна Европа“ во организација на фондацијата „Хајнрих Бол“ за Босна и Херцеговина, во Сараево.
На состанокот учествуваат претставници на граѓанското општество и на медиумите и експерти од БиХ, Србија, Македонија, како и претставници на фондацијата од Германија.
Мирела Гинтер Ѓечевиќ, независна консултантка од Германија, го води состанокот на кој се идентификуваат предизвиците и решенијата поврзани со стеснувањето на просторот за делување на граѓанското општество.
Очигледен е интересот на учесниците за македонските состојби, кои експертите ги оценуваат како најтешки. Претставници од Македонија се д-р Сашо Орданоски, Џабир Дерала и Ивана Драгшиќ.
Оваа вест е достапна и на: Albanian