Фотографиите на политичари во варошкото училиште се од успешни проекти!

По повод текстот „Прилеп: Партиска пропаганда и манипулација со малолетници“, објавен на 31 јануари,  Марија Ташкоска, од Одделението за односи со јавност на Општина Прилеп, на авторот на текстот, Божидар Барлакоски, му испратила демант, кој во целост го објавуваме:

Главен приоритет во изминатиот период и во иднина на локалнaта самоуправа ќе биде континуирано инвестирање во училишните објекти за децата да имаат сé поквалитетни и поквалитетни услови за образование и нивни континуиран напредок, а не собирање на политички поени како што сака некој тоа да го прикаже.

Тоа го докажавме во изминативe десетина години со инвестиции од преку 10.000.000 евра во образованието.

Што се однесува до посоченото подрачно училиште во населбата „Варош“, кое постои од далечната 1926 година и во кое, до пред  десетина години не беше ништо инвестирано, оваа локална самоуправа со средства од општинскиот буџет инвестираше во:

-       2008 година со средства од локалната самоуправа се санирани санитариите и таванот во една училница во висина од 1.800.000 денари.

- следеше најголемата реконструкција на училиштето со промена на надворешната столарија и целосна реконструкција на покривот во Варош, која е направена во 2013 год со сопствени средства од локалната самоуправа на Општина Прилеп во висина од 2.000.000 денари

-       2014 година, комплетно се обновени ѕидовите во училниците со спуштени тавани, променети се подовите, вратите, фасадата на училиштето. Училиштето го смени својот лик.

-       2015 година - за првпат е инсталиран систем за парно греење на течно гориво во висина од 450.000 денари, повторно со средства од локалната самоуправа на Општина Прилеп, сé со една цел квалитетно  образование.

Посочените фотографии се токму од тие настани на реализација на успешни проекти кои се од големо значење за жителите од оваа населба и тука нема да застанеме, туку и за оваа година планираме да реализираме нови проекти и заедно со учениците и жителите од оваа населба, ќе го одбележиме нивното завршување и пуштање во употреба.

Размислете кој овде, прави политика, дали тие што објавуваат вакви текстови или тие што градат, реконструираат училишта и пуштаат во употреба ветени проекти?

Општина Прилеп

Оваа вест е достапна и на: Albanian