Со поддршка за продемократските протести се јави и поранешниот амбасадор на ЕУ во Мaкедонија, Ерван Фуере.
На Фејсбук профилот на претседателот на ЦИВИЛ -,Центар за слобода. Џабир Дерала, под текстот за денешните протести, Фуере напиша коментар „во дух сум со вас од Брисел“.
Ова не е првпат ексамбасадорот да се солидаризира со протестите во Македонија. Неговата поддршка тој ја даде и за време на протестите за Мартин Нешковски во 2011-та, но и на минатогодишните мајски протести предизвикани од „бомбите“ со прислушуваните разговори кои ги објавуваше опозицијата.
Оваа вест е достапна и на: Albanian