Гајдов: Медиумите се главните истерувачи на криминалот во една држава

Новинарот Љубомир Гајдов,  на денешната тркалезна маса „Има ли слобода во Македонија“, истакна дека медиумите се тие што се главни истерувачи на криминалот и тие не треба да чекаат од некој друг да им понуди услови за успешно работење.

Самите медиумски работници, според Гајдов, треба да се изборат за правата и слободите што им се загарантирани.истакна дека медиумите се тие што се главни истерувачи на криминалот и тие не треба да чекаат од некој друг да им понуди услови за успешно работење. Самите медиумски работници, според Гајдов, треба да се изборат за правата и слободите што им се загарантирани.

„Ние самите  секојдневно мора да се бориме... Она што се случува во МРТВ е застрашувачки. Таа е единствената јавна телевизиска компанија во која што е вселена полицијата. Тоа го немало ниту кај Хитлер, ниту кај Пиноче, ниту кај Сталин. На крајот на мојата новинарска кариера во телевизијата, гостин ми беше Ерван Фуере и вели доле видов пријавница на полиција. Да, велам, амбасадоре, ова е идеален супстрат на Бранко Црвенковски и неговата миленица Гордана Стошиќ, што ја всели полицијата во МРТВ“, изјави Гајдов зборувајќи дека демократијата во една држава зависи од отчетнсоста и транспарентноста, што во однос на медиумите укажува на реалната состојба на медиумите во Македонија.

Презентацијата на проектот„Од разбирање до одбрана“, наодите и препораките од истражувањата и разговорите со луѓето од медиумската сфера и граѓанскиото општество, како и анкетите со граѓанките и граѓаните ја одржа претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала на тркалезната маса „Има ли слобода во Македонија?“.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Оваа вест е достапна и на: English