Адвокатката Сандра Гавриловска, правен експерт на ЦИВИЛ – Центар за слобода, во своето обраќање на конференцијата „Слободни избори 2016“, меѓу другото, истакна дека е „тажно што во Македонија сé уште зборуваме и се залагаме за почитување на основните демократски принципи кои, без дилеми, треба да бидат стожер на секое нормално и здраво општествено уредување“
„Сериозно и добронамерно загрижените меѓународни фактори, нѝ зборуваат за поделба на власта, за политички плурализам, за правично судење и за фер избори. Но, во услови на поистоветување на партијата со државата, не можеме да зборуваме за демократска, туку за апсолутистичка власт. Особено, според квалитетот и квантитетот на застапените вредности. Без концептот за поделба на власта, тешко може да се зборува за независни државни органи. Уште помалку, за систем на проверка и рамнотежа, а најмалку за демократија“, акцентираше Гавриловска.
Оваа вест е достапна и на: Albanian