ГДОМ пее за "клетите Шиптари", "патриотите" се занимаваат со "заевистите"

Додека контра-демонстрантите на ГДОМ на нивните собири пејат - "нека разберат клетите Шиптари", а на нивно чело стои Филип Петровски, истиот тој што стоеше во првите редови на протестите кои бараат гасни комори за Албанците во деведесеттите години, многу ми се интересни аргументите на властодршците од ДУИ, ДПА, но исто така, и на неколку структури од албанската опозиција, дека ова со протестите и контра-протестите е - внатрешна пресметка меѓу Македонците.

Пишува: Петрит Сарачини

Пишува: Петрит Сарачини

Многу повеќе ги разбирам слугите на газдите и на ГДОМ, албанските партии на власт, зошто ја пласираат оваа лага и се обидуваат да ги дискредитираат протестите. Работат за ист стопан со оние од ГДОМ. Ги штитат заедничките придобивки, заработени со многу криминал. Си ја чуваат кожата, затоа што доколку падне власта, не само што ќе ги загубат привилегиите, некои од нив ќе ја загубат слободата.

Но, она што не го разбирам е површноста со која што на ова прашање му приоѓа еден дел од албанската опозиција. Една работа е да заземеш став за автономен протест, но е сосем друга работа - да не ги поддржиш и активно да ги помагаш сèграѓанските протести, па дури и индиректно да се дистанцираш од Албанците таму, кои имаат иста цел како и албанската опозиција. Таквите дејствувања во ова време се аматерски, за политичари кои претендираат да бидат сериозни. Или, имаат друга цел.

А да не зборуваме за "тезите" или чистата лага која циркулира во овие кругови, дека активистите и Албанците присутни на граѓанските протести, не зборуваат и не се борат за работите што ги болат и Албанците.

Додека се занимаваат со "слугите на Заев", денеска во Скопје, во античкиот Скупи, во дарданскиот, илирскиот Шкуп, главниот град на вилаетот на Косово, главниот град на Албанците, и што друго не му налепуваа редовно како епитет, "патриотите"- Албанци во своите огнени предизборни говори – доаѓа ГДОМ. Од цела Македонија. Ќе им пеат песни и на Албанците.

Оние што се против газдите на ГДОМ и силувачите на албанските гласови, ќе се соберат пред Специјалното јавно обвинителство, во кое, не заборавајте, работи и една Албанка, со интегритет. Точно во 18 часот. Таму ќе бидат  и четири албански партии - Унитети, Беса, НДП, ПДП, неколку невладини организации, стотици интелектуалци, илјадници Албанци...

Во меѓувреме, слугите на началниците ќе дрдорат за "слугите на Заев", и од време- навреме, ќе се маваат по херојските им гради.

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian