Гласам значи постојам во југоисточен регион

ЦИВИЛ - Центар за слобода вчера, покрај посетата на Гевгелија, ги посети и општините Дојран, Богданци и Валадово, каде преку инфо-штандови комуницираше со граѓанките и граѓаните на овие општини околу претстојниот референдум. 

На инфо штандовите граѓан(к)ите имаа можност да ги напишат своите ставови, мислења и очекувања од референдумот, но и да се запознаат со активностите на организацијата.

Тие исто така, имаа можност да се информираат за своите гласачки права, што е и една од целите на овие посети на општините низ земјата, кои се во рамки на проектот „Гласам, значи постојам“ поддржан од Амабасадата на САД во Скопје.

„Треба да се искористи моментот кој го чекаме со години“, „За ЕУ и НАТО“, „Нема да гласам“, „Треба да го решиме проблемот“, „Македонија е убава и треба да ја сакаме“, „Со патриотизам не се живее“, се само дел од пораките на дојранчани, валандовчани и богданчани.

текст и фотографија: М. Ивановска