#ГласамПротив: „Република Иселена“

„Прво дојдоа по студентите, но, не бев студент. Дојдоа и по новинарите, но, не бев новинар. Потоа дојдоа по пратениците, но, пратеник не бев. Дојдоа по мене, има ли некој?“, „Се нервирам не може убиство да скриеме“, „Кога твоите пари се во Белизе“, „Република Исцедена“, „Република Искорумпирана“, „Сакам дома да живеам“... се само дел од пораките на постерите што ги направи група млади дизајнери од Иницијативата #ГласамПротив.

tumblr_ohq4pxfgqs1vmtlcfo1_1280

Еден од дизајнерите кој сака да остане анонимен, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека целта на иницијативата #ГласамПротив е „да се зголеми јавната свест на гласачите да излезат на избори на 11 -ти декември и да гласаат слободно“.

„Треба да имаме право на слобода на говор и да се урне диктатурата во која сите сме заробени. На 11-ти декември, секој треба да гласа по своја волjа и да застане против корумпираноста, криминалот, партиското вработување, тортурата, условувањето...“, вели нашиот соговорник.