Глобален преглед на вооружено насилство

Бројот на мало и лесно оружје (пиштоли) во оптек денес во целиот свет изнесува околу 875 милиони и уште толку се произведуваат на годишно ниво од илјадници производители низ целиот свет.

Како се добива лесно оружје?
По легален пат: продавници за оружје, полигони, саеми за оружје и онлајн
Нелегално: преку недозволена трговија и промет на мало и лесно оружје и нелегално оружје, размени во криминални мрежи, кражби од владините залихи, приватни компании за обезбдедување, продавници, куќи и автомобили.
Последиците од трговијата со лесно оружје се далекусежни. Вооруженото насилство - кое е поткрепено со мало и лесно оружје, е водечка причина за присилна миграција и поместување во светот. Вооруженото насилство е водечка причина за глад во светот. Вооруженото насилство влијае на развојот на земјите, на пример, Интер-американската банка за развој проценува дека насилствата во земјите од Латинска Америка ги чини меѓу 3% до 15% од БДП годишно.

Ограничување на основните потреби - несигурноста влијае на донесување одлуки, пристапот до храна, вода и засолништа, како и мобилност и трговија. Оние кои имаат најмногу потреба се најчесто оние кои се најоштетени, како хуманитарните агенции кои ги повлекуваат своите вработени, поради ризиците.

Злоупотребата на лесното оружје доведува и до олеснување на дејства како трговија со дрога, трговија со луѓе, сексуално насилство, ХИВ трансмисија, лов на дивиот свет, сиромаштија, страв од заедницата и скусување на дневните животни активности. Во една студија од Мексико од 2009 година, на пример, 60% од родителите одговориле дека криминалот и насилството ги тераат да им забранат на своите деца да си играат надвор.

Вооруженото насилство годишно убива околу 526.000 луѓе. Се проценува дека на секој смртен случај како последица од огнено оружје се случуваат и до осум пати повеќе повреди.

Вооруженото насилство во 2016 година го чини јавното здравство во САД околу 229 милијарди долари за здравствена заштита, спроведување на законот, осигурување и други трошоци. Во останатиот дел од светот сумата е уште позастрашувачка.

Во Велика Британија вооруженото насилство е третата причина за оштетување на рбетниот мозок.

Во однос на статистиките поврзани со возраст, пол и вооружено насилство, на глобално ниво 84% од луѓето кои загинале насилно се мажи и момчиња. На најголем ризик се изложени тинејџерите и младите луѓе. Повеќето од жените се изложени на сексуално насилство. Мажите во поголемиот дел од светот користат огнено оружје (повеќе од 90%).

Во САД нападите на семејно насилство кои вклучуваат огнено оружје се со 12 пати поголеми шанси да резултираат со смрт. Една третина од инцидентите поврзани со семејно насилство вклучуваат закани со оружје. Родовата нееднаквост, културното прифаќање на насилството врз жените создаваат поволна клима за изложување на жените на ризик.

Програмата за акција за спречување, борба и искоренување на недозволената трговија со мало и лесно оружје во сите нејзини аспекти (ПОА) 13  е усвоена во 2001 година од сите земји члеки на ОН. Овој политичко обврзувачки договор поставува рамка за подобрување на националните закони и прописи за спречување на недозволената трговија и на неконтролираниот промет на мало и лесно оружје, вклучително и увоз, извоз, транзит, посредување и управување со залихи. ПОА воспоставува процедури за сите држави да се вклучат во соработка и помош. Во 2018 година, конференцијата на ОН ќе се одржи во Њујорк каде ќе се провери спроведувањето на ПОА и ќе се утврдат начините на кои таа може да се зајакне.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish