Глобална недела за едукација и јакнење на јавната свест против оруженото насилство

Глобалната недела за акција против оруженото насилство е време кога граѓан(к)ите треба да ја промовираат борбата против огненото оружје, а властите да се потсетат на постојните стандарди и спогодби за контрола на распространувањето и шверцот со оружје. Оваа недела треба да се искористи за едукација и јакнење на јавната свест со цел елимирнирање на нелегалното оружје и оруженото насилство на улиците и во домовите.

„Оваа акција претставува можност за да се искаже загриженоста на организациите членки на мрежата од ширењето и злоупотребата на малото и лесно оружје. Истовремено IANSA упатува повик за преземање на поголеми акции од страна на властите“, се вели во соопштението на мрежата.

ЦИВИЛ – Центар за слобода е организација членка на IANSA од 2002 година и на коалицијата Контрола на оружјето (Control Arms) од самиот почеток на формирањето на Коалицијата во 2003 година. Веќе 18 години Цивил ја одбележува оваа недела преку активности за јакнење на јавната свест и едукација.

МИ-РПД (Initiative for search of peace and development mechanism), организација, исто така, членка на IANSA, учествуваше во активностите организирани оваа недела со цел здружување со сите кои сакаа да придонесат во борбата против вооруженото насилство од 2 јуни до 9 јуни, 2019 година.

МИ-РПД преку соопштенија и повеќе јавни настапи ја повика јавноста да ги прекине сите обиди за употреба на оружје, повикува на дијалог во дипломатскиот канал помеѓу Бурунди, Руанда и Уганда за да нема веќе граѓани убивани на границите од страна на безбедносните сили. Она што организација се обиде да го разјасни беше односот помеѓу политичките конфликти и ширењето на оружје, улогата на владите како и на обичниот граѓанин во борбата против ова оружје, запознавање со круговите низ кои минува оружјето за да стигне до рацете на цивилите, неговото потекло и патот што го минува за да стигне до нив, како и точниот број на луѓе кои годишно се убиваат со оружје, особено во регионот на Големите езера, во Африка.

МИ –РПД во септември ќе одржи Меѓународен мировен фестивал, со цел да се придонесе за имплементација на резолуцијата на Африканската Унија особено на деловите што се однесуваат на одржување на мирот и стабилноста, а решавање на проблемите со вооруженото насилство.