Тимот на ЦИВИЛ-Центар за слобода денеска беше во Кочани. Двата предвидени часа поминаа многу брзо во разговор со големиот број на граѓанки и граѓани, кои беа заинтересирани да се информираат за денешниот јавен настан.
Поделени беа повеќе од 800 флаери со информативна содржина, за тековниот проект: ”Напред”, и за можноста да се пријават за набљудувачи на престојните палрментарни избори.
Екипата на ЦИВИЛ оствари средба со подржувачите од овој регион и со дел од локалните и регионалните медиуми.
Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.
Проектот се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ и е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.
Оваа вест е достапна и на: Albanian