Гоцевски: Целосна професионализација на јавната администрација

„Стопирање на процесот на партизација на јавната администрација и нејзина целосна професионализација, преку вработување кадри според адекватни критериуми е една од значајните мерки за квалитетни и итни реформи, кои се услов за спроведување фер и демократски избори“, вели во изјавата за ЦИВИЛ Медиа, доцентот Драган Гоцевски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ на УКИМ, еден од независните експерти вклучени во подготовката на поглавјето „Јавна администрација“, во предлог-документот за итни реформи, којшто треба да биде вграден во програмата на идната експертска влада.

М. Талеска