Граѓаните и понатаму секојдневно се трујат!

Градовите во Македонија достигнуваат нови рекорди во аеро-загадувањето, а притоа, никој од одговорните не презема никакви мерки или никакви рестрикции. Како никој да не е заинтересиран  да се покрене иницијатива за откривање на вистинските виновници кои го загадуваат воздухот до толку високо и опасно ниво. А, според забележаните резултати на мерните станици загадувањето во Скопје, вчера вечерта било 835мг/м3! Дозволеното ниво на ПМ10 честички во воздухот е 50мг/м3, а тоа во Македонија се надминува, како во вчерашниот пример, и до 16 пати!

12650563_1836196356607308_423809981_n

Лисиче - 00:30 10 пати над дозволеното

Тетово - 19.5 пати повеќе од дозволеното

Тетово - 19.5 пати повеќе од дозволеното

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Според статистиките на NUMBEO, Македонија е рангирана како 11-та во светот според загадување, Светската Банка пак, според нејзините статистики тврди дека годишно се губат над 1.350 животи на нејзините жители поради таа причина! Дури 800 животи можат да се спасат годишно, само ако загадувањето во Македонија се намали до европските стандарди.


najzagadeni2На листата на „Википедија“, од непознати причини не е застапена Македонија. Но, да беше застапена, ќе беше на прво место според измерените 835 мг/м3 ПМ10 честички, во текот на изминатата ноќ измерени во Скопје, или со  828 мг/м3 измерени во Тетово во 23 часот.

najzagadeni1

И утрово, во 11 часот, загадувањето на скопскиот воздух беше „само“ 190 мг/м3 ПМ10 честички, што е за четири пати над дозволената граница!

12650447_1836196159940661_1202004562_n

12650649_1836196276607316_1734321359_n