Позитивниот исход од борбата на текстилните работници во конфекцијата „Матеа“ од Македонска Каменица, кои поради својата истрајност и солидарност се изборија за тоа што законски им следува, е првонаградениот прилог од септемврискиот - деветти циклус на награди за граѓанско новинарство во рамки на проектот „Граѓански објектив“.
Текстот Македонска Каменица: Текстилни работници се изборија за своите права!, го подготви граѓанскиот новинар Горан Трајков од Штип, кој на денешното доделување на наградите, зборуваше за текот на штрајкот на текстилните работници, за време на кој, во отсуство на новинари од традиционалните медиуми, бил единствениот кој известил за тоа случувањата.
Втора награда, доби граѓанскиот новинар Дарко Серафимоски од Тетово, кој и покрај тоа што сакаше да остане анонимен, на доделувањето на наградите одлучи да се претстави пред присутните и јавно да проговори за проблемите со инфраструктурата во Тетово. Текстот Тетово: „Дупки“ во ветувањата и дупки на улиците, преку видео и фотографии ја претставува реалната состојба во Тетово, и улиците, кои и покрај сите ветувања, сè уште се во катастрофална состојба.
Тричлената комисија на ЦИВИЛ, реши третата награда да ја додели за текстот Куманово: Наместо интеграција – дезинтеграција!. Граѓанскиот новинар Зенел Мифтари, со својот текст ја информира јавноста за условите во кои учат средношколците - етнички Албанци во Куманово.
Институциите се глуви за стравот и маките на граѓаните и Семејството Свеќанцоски од Прилеп, итно бара помош од државата се текстовите кои ги добија двете четврти наградина конкурсот во септебври. Граѓанските новинари кои ги подготвија овие текстови, побараа да останат анонимни.
Секој граѓанин кој има паметен телефон, фотоапарат или камера од каков и да е вид, може да биде граѓански новинар и да се вклучи во проектот „Граѓански објектив“. ЦИВИЛ ги охрабрува граѓан(к)ите активно да се вклучат преку истражување и медиумски активности во развојот на граѓанското новинарство и алармирањето за сите нерегуларности кои влијааат врз политичката состојба, преку пријави на закани, уцени, политичка корупција, поткуп на гласачкото тело, злоупотреба на јавни ресурси и администрација.
„Преку текстови, аудио, фото и видео записи, ќе придонесете заеднички да ја зајакнеме јавната свест и да формулираме јавни барања за слободни избори, засновани врз доказите од вашите истражувања, преку онлајн активизам, теренска работа, медиумски и јавни настани“, се вели во пораката на ЦИВИЛ до заинтересираните граѓан(к)и.
За учество во натпреварот, со пополнување на формуларот, кликнете ТУКА.
ЦИВИЛ – Центар за слобода им се заблагодарува на досегашните учесници и ги повикува и понатаму да продолжат со своето активно граѓанско учество и да придонесат за заштита на човековите права и слободи и за демократизирање на општеството.
Проектот „Граѓански објектив“е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.
Оваа вест е достапна и на: Albanian