Граѓан(к)ите во Штип и Радовиш со свои пораки за рефереднумот

Тимот на ЦИВИЛ имаше можност да разговара со граѓанките и граѓаните во Штип и Радовиш за нивните мислења и ставови поврзани со референдумскиот процес.

„Гласам за“, „За Европска Македонија“, „Не се согласувам“, „Секој има право да го искористи својот глас на начин кој го смета дека е правилен“ беа дел од пораките што ги упатија жителите на Штип и Радовиш.

Настаните се дел од проектот „Гласам значи постојам“ кој е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.