Граѓаните за државата или државата за граѓаните?!

ЦИВИЛ организира мултимедијален настан и панел дискусија на отворено на тема „Граѓаните за државата или државата за граѓаните?!“ во вторник, 25 јуни, во Мобилната галерија на ЦСУ, Градски Парк, со почеток во 20 часот.

Проекции на видео прилози и презентации за (не)транспарентноста и (не)одговорноста во политичките процеси, владеењето на правото, човековите права, медиумите и граѓанското учество, ќе се одржат од 19 до 20 часот.

Панел дискусијата на истите теми, на која ќе говорат проф. Мирјана Најчевска, проф. Јасна Бачовска и активистката Мерита Максути од Еко Герила, ќе започне во 21 часот.

Овој настан е дел од проектот Граѓански објектив, финансиран од National Endowment for Democracy.

ЦИВИЛ - Тим за комуникации

Оваа вест е достапна и на: Albanian