Советникот за односи со јавност на премиерот на Република Македонија, Марјан Забрчанец, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, претставничката на Меѓународниот центар за граѓанско општество (Берлин, Германија), Бранди Геркинг, претставниците на ЦИВИЛ, Маја Ивановска, Синиша Станковиќ и Џабир Дерала, активистката за човекови права Јасминка Голубовска, Ванчо Орданоски од бизнис заедницата, се дел од говорниците на конференцијата „ГРАЃАНСКА ПОВЕЛБА – Глобална рамка за учество на граѓаните“ што ќе се одржи утре (28 март, 2018), во хотел Сити Парк со почеток во 13 часот.
Конференцијата претставува единствена можност за јавноста да дознае повеќе за ГРАЃАНСКАТА ПОВЕЛБА и за можностите за меѓусекторска соработка и партнерства. ЦИВИЛ и Меѓународниот центар за граѓанско општество (со седиште во Берлин), ќе ги презентираат своите гледишта и можностите за соработка меѓу граѓанското општество, локалната и централната власт, медиумите, бизнис заедницата, политичките партии и други засегнати страни и структури кои донесуваат одлуки во земјата.
Како говорници на конференцијата поканети се претставници на Владата, локалната власт и Парламентот, како и на граѓанското општество и бизнис заедницата.
ГРАЃАНСКА ПОВЕЛБА – Што има тука за мене? е пилот проект преку кој ЦИВИЛ продолжува да ја промовира Граѓанската повелба на еден иновативен начин. Ова вклучува истражување на можностите за воспоставување меѓусекторска соработка и партнерства за усвојување и доследно спроведување на Граѓанската повелба.
Една од целите на проектот е да се сензитивираат засегнатите страна на граѓанското општество, локалните и централните власти, медиумите, бизнис заедницата и политичките партии за Граѓанската повелба и да се дискутира за модули за усвојување и користење на овој документ, како и за можностите за заедничка соработка и партнерства.
Проектот е поддржан од Меѓународниот центар за граѓанско општество.