Граѓански објектив во Прилеп, за транспарентни и одговорни политички процеси

По првиот регионален семинар „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“ кој се одржа во Штип, минатиот викенд ЦИВИЛ ја организираше и првата регионална работилница, овој пат во Прилеп, на која присуствуваа учесници од општините Прилеп, Битола и Долнени.

На оваа работилница учесниците имаа можност да ги слушнат искуствата и препораките на тимот на ЦИВИЛ, но и преку практични вежби и интерактивен дијалог да се запознаат со основите на новинарството, граѓанскиот активизам, човековите права и слободи и, најважно, со граѓанското учество во донесувањето одлуки на локално и национално ниво.

 

Оваа регионална работилница претставува своевиден континуитет на семинарите и работилниците што ЦИВИЛ ги организираше изминатите четири години, а се спроведе како дел од проектот „Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси“ финансиран од National Endowment for Democracy, што ЦИВИЛ го имплементира веќе петта година по ред.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

Оваа вест е достапна и на: English