ЦИВИЛ – Центар за слобода, во соработка со Министерство за внатрешни работи на РМ ќе одржи работна средба на тема „Превенција од насилниот екстремизам“ што ќе се одржи во салата за состаноци, зграда 1, МВР, на 5 септември. На средбата ќе се посвети посебно внимание на радикализацијата и потенцијалите за насилен екстремизам што произлегуваат од говорот на омразата и национализмот во јавниот простор.
По работната средба, дел од учесниците ќе дадат изјави за јавноста во 12:30 часот.
На средбата ќе стане збор и за мониторингот на спроведувањето на Референдумот, улогата на МВР и полицијата и можностите за соработка со граѓанското општество. На овој настан се поканети претставници на МВР и Националниот комитет за превенција од насилен екстремизам, организации на граѓанското општество што се занимаваат со прашања од областа на превенцијата од насилниот екстремизам, како и претставници на меѓународната заедница.
Овој настан е дел од проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“, имплементиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода, со финансиска поддршка од Амбасадата на САД во Скопје.
Оваа вест е достапна и на: Albanian