Герет за „интервјуто“ на ТВ Сител: Регулаторните тела треба во целост да одговорат на ваквите појави!

Осудите за интервјуто на главниот и одговорен уредник на ТВ Сител, Драган Павловиќ Латас со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, не стивнуваат, како во домашната јавност, така и од претставниците на меѓународната заедница.

12713967_1841581826068761_1012887085_nБританскиот амбасадор во земјава, Чарлс Герет, на  својот Фејсбук профил ја истакнува важноста на медиумските слободи за една демократска држава, што според него, во конкретниот случај се забележува по многубројните негативни коментари на социјалните мрежи.

“Го гледав Дневникот на Сител вчеравечер. Реакциите се значајни, не само затоа што е многу редок настан, опозициски лидер да има настап на националните најгледани канали. Ова, исто така, покажува колку многу на луѓето им е важно и колку се битни принципите на медиумските слободи во демократиите, вклучително Македонија. Не сум експерт за медиуми и не би можел во детали да коментирам за синоќешната програма. Тоа е одговорност на медиумските тела, вклучително и на Агенцијата за медиуми како регулатор, чиј одговор го нотирав денес. Овие тела треба во целост да одговорат на ваквите појави за да се зајакне довербата на јавноста во медиумскиот сектор. Балансираноста и непристрасноста и почитувањето на законите се клучните принципи за одговорно и веродостојно покривање на политичките настани.”, стои во статусот на Фејсбук профилот на Чарлс Герет.

Оваа вест е достапна и на: Albanian