Груевски и Јанакиески на обвинителната клупа!

Во Основниот суд Скопје 1 во тек е судското рочиште за случајот „ТНТ“ - нападот врз Општина Центар и за нарачаните шлаканици за градоначалникот Андреј Жерновски, по обвинение поднесено од страна на Специјалното јавно обвинителство. Обвинетите поранешни функционери Груевски и Јанакиески и пратеничката Рангелова, не сакале да бидат фотографирани на обвинителната клупа...

На рочиштето се присутни сите петмина обвинети функционери: поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, пратеничката Даниела Рангелова и двајца советници на Општина Центар. Со нив се обвинети уште девет лица, за кои се смета дека во јуни 2013 година учествувале во насилството пред Општината. На новинарите присутни на рочиштето не им било дозволено да ги фотографираат обвинетите!

Обвинителка е Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвинителство, а судијка е Тања Михајлова. Судијката Михајлова постојано ја опоменува обвинителката Фетаи, со одземање на зборот, и со закана дека ако продолжи да ја корегира, ќе ја отстрани од судницата!

„Нема да ви дозволам предметот да го претворите во циркус, нема. Ова е судница број еден и јас сум судија. Нема да ви дозволам да правите театар!“, рече Михајлова.

Фетаи побарала од судот, бидејќи има загрозен сведок, да дозволи на посебен начин да учествува во постапката, а адвокатот на обвинетите не го прифатил ова барање со тврдење дека е незаконско и побарал да не се прифатат и аудио-материјалите, бидејќи станува збор за незаконски прислушувани разговори.

Судот ја преслушува „бомбата“, по што ќе  одлучува дали ќе се отфрли или ќе ја прифати како доказ. Новинарите се исклучени од јавната расправа во моментот кога започнало образложението околу снимките.

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian