Со музика, џинглови, видео спотови, фото петиција Сите за #СлободниИзбори, флаери за правата на гласачите и разговори со граѓанките и граѓаните на Гевгелија, во 12 часот започна јавниот настан #СлободниИзбори.
ЦИВИЛ денеска е во Гевгелија, во рамки на својот караван за јакнење на јавната свест за гласачките права и придонес кон создавање услови за слободни избори во Македонија.