Претседателот Ѓорге Иванов и другите претставници на власта, пред неполн час, ги пречекаа транспарентите „Хорхе - банално зло“, „Маските долу!“ и „Веома врло културно“.
Тоа беа пораките на кои Битолското движење ги имаше за нив, при отворањето на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва во Битола, според информациите на нашиот соработник Илија Балтовски.