И по изборите ќе продолжи институционална криза

Ивон Величковски од ЛП, на дебатата „Плурализам и политичка криза“, организирана од ЦИВИЛ – Центар за слобода, на 2 февруари, изјави дека материјалите доставени од ЦИВИЛ соодветствуваат со анализите и на неговата партија. Тој истакна дека за одложување на датумот за избори потребна е поддршка од граѓаните, за по изборите да не се размислува повторно за избори.

На дебатата учествуваа 11 лидери или високи претставници на политички партии и политички иницијативи, кои не се дел од преговорите за надминување на политичката криза кои два часа дискутираа и полемизираа за причините и за можните решенија на политичката криза во Македонија.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=ND98si4iXe0[/youtube]

Оваа вест е достапна и на: Albanian