Ибраимовски: Со партиски обоена ДИК - нема слободни избори!

„Кога има индикации за криминал и кога е покренат обвинителен акт,  не може тој човек да биде на листата за пратеници или носител на листа. А не - да се претставува како спасител на Македонија и да користи национална реторика - 'за Македонија се работи!'. Тоа е жалосно“, потенцираше лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимоски, на конференцијата „Слободни избори 2016“, во организација на ЦИВИЛ - Центар за слобода. 

„ДИК сега не носи правилни одлуки, зашто, во неа има членови на политички партии, кои гласаат во интерес на партиите. ДИК треба да биде составена од професионални, стручни кадри, зашто се работи за државна институција. Со ваков состав, нема слободни избори! Како политичка партија не се согласуваме со Избирачкиот список и не веруваме дека изборте ќе бидат слободни. Имаме сознанија дека ќе се вршат многу притисоци. И, се вршат, особено притисоци од власта, од центрите за социјална работа, одат од куќа до куќа и ги убедуваат луѓето дека ќе имаат проблеми, доколку не гласаат за нив. Овој пат, не успеав да ги фотографирам, но ќе докажам дека ова што го зборувам е вистина“, категоричен беше Ибраимовски.

Оваа вест е достапна и на: Albanian