Цивил - Центар за слобода и Работната група за човекови права - Битола (РГЧП) утре (сабота, 22 февруари 2014 г.) ќе постават Ѕид на плачот на Широк Сокак во Битола, со почеток во 12 часот.
Граѓан(к)ите на Битола и регионот се поканети да споделат искуства и информации за дискриминацијата и кршењето на човековите права и слободи. Овој настан е во рамките на проектот „Избери демократија!“ посветен на јакнење на јавната свест за човековите права и солидарноста.
Во рамките на проектот, Цивил подготвува опширен извештај за состојбата на човековите права и слободи во Македонија. Информациите кои ќе бидат споделени на Ѕидот на плачот, ќе најдат свое место и во Извештајот чие објавување е закажано за 7 март.
Оваа вест е достапна и на: Albanian