Или „Прц“ или „Цврц“!

Конечно, една добра вест драги наши пријатели и пријателки, другарки и другари, браќа и сестри, а богами и граѓанки и граѓани! Откриено е тајно оружје, со кое ќе се воведува политички плурализам, а богами и свежина, во нашата зачмаена политичка сцена, и ќе се врати демократијата!

Пишува: Петрит Сарачини

Пишува: Петрит Сарачини

Нормално, за такво нешто не се способни комуњарите, соросоидите, предавниците, клетите чпиони, кодошите, странските служби и мрачните сили, па пак, ќе мора маката да ја трга нашата омилена патриотска партија, која од Александра, па и порано, па сé до денешните денови, го брани македонскиот народ од другите, а и од самиот себе.

Значи, да не должам, во рамки на МВРО, пратениците Пишев и Амди ќе ја основале фракцијата на средниот прст - "Прц". Веднаш се нашол и портпарол – чичето кој на „црниот понеделник“ пред Собранието, а неколку месеци подоцна и при кршењето на Општина Центар, елоквентно и покажа на целата македонска јавност невиден талент и демократски капацитет.

Главна програмска цел на новата фракција е да најде уште тројца и да станат парламентарна група, за да може Амди, како координатор, да каже нешто процедурално во битни моменти за државата, кои вака поминуваат безначајно и безбојно, без "гол со пета", некое чукуладо, кока-кола и слични бравурозни и незаборавни моменти, кои "Прц" со задоволство би ни ги приредувал.

Секако, единствена пречка на патот кон успехот за „Прц“ е една друга фракција која веќе постои во МВРО, онаа која верува дека земјата е рамна плоча, а која се нарекува со називот „Цврц“, секако не поради склоностите и љубовта кон кока-колата. Во битката меѓу овие две фракции, ќе се определи светлата иднина на мајка Маакедонија.

Оваа вест е достапна и на: Albanian