Илчо се токми за Виена, спремил нова тоалетна

Пази богати, коментар на ставот на Заев и СДСМ, а и на сите структури кои ги организираат граѓанските протести, дека нема одење во Виена додека не се поништи аболицијата и изборите во име на ВМРО-ДПМНЕ, не даде никој друг, туку Илија Димовски. Лично и персонално.

Shkruan:Petrit Saraçini

Пишува: Петрит Сарачини

Порачал дека ВМРО-ДПМНЕ било и ќе остане конструктивно кога е во прашање иднината на Република Македонија, и дека тие биле подготвени да учествуваат на разговори кои ќе значат излез од сегашната состојба.

А кој порачува? Дали е тоа човекот кој го прогласи првиот ваков меѓупартиски договор, оној посредуван од Ховит по кобниот 24 декември, за тоалетна хартија? Дали е тоа фамозниот оградувач, со фусноти? Дали е тоа поранешниот координатор на „Сорос“ од Велес, а сегашен координатор за спружување на „соросоидите“, „платениците“ и „предавниците“ на насловни страници?

И ако е од Илчо, многу е.  Тоа што е народот на улици, не е вина ниту сценарио на Заев, како што трујат и трубат насекаде пропагандистите диригирани од комуникацискиот центар на партијата на Илчо. Да потсетиме, гневот беше предизвикан од срамната одлука на Ѓорге Иванов (уште еден поранешен „соросоид“), претходно од срамната и диригирана одлука на Уставниот суд која на Иванов му даде „идеја“ (за која нели со никој не се консултирал). На ова претходеа месеците на претворање на договорот во тоалетна, со секојдневни опструкции на потпишаното од Пржино – дело на тимот чијшто значаен дел беше токму Димовски. Да не зборуваме долгогодишниот гнев кој тлееше, предизвикан од масовниот криминал, корупција, окупација на институциите, празнење на Македонија, беда и сиромаштија, нарушени меѓуетнички односи.

А зошто бре, Илија, дојдовме до Пржино и до Виена? Зошто ти е народот, на кој секојдневно по повеќепати се повикувате токму во вашата партија, на улица? Затоа што бевте толку добри, ама Заев (и претходно Бранко) ве зае.аваа? О мој конструктивен Илија, не е Заев тој што е деструктивен и врти грб на Македонија. Заев само ни покажа експлицитно, кои сте и што сте вие. Вие сте виновни, затоа што наместо да се бавите со решавање на проблемите на граѓаните, се бавевте со тоа како да останете на власт, со пропаганда, со оцрнување на секој што не мисли на вас, со купување на сиромашните и заплашување на непослушните. Со крадење, на ангро. Работевте се, само не тоа што ви е работа.

Затоа, Илчо, пред да пакуваш куфери за Виена, ќе мора да засукаш ракави со твоите началници и пастирот, и да зачистите тоа што избербативте, она најтазе де, што е свежо и се уште многу смрди. А после, уживајте во шетанцијата во Виена. Ќе ви биде меѓу последните, пред да се видите со Катица, Ленче и Фатиме. И да одговарате за десетгодишниот злостор над граѓаните на Македонија.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian