Минатата недела во Скопје се одржа семинарот „Практикувај мир“, во соработка на седум невладини организации – од Германија (CRISP), Грција (VOOLOS), Косово (SHL KOSOVA), Македонија (Цивил), Полска (KREISAU-INITIATIVE) и Србија (ЦК13 Омладински центар), кои се залагаат за конструктивно, критичко и демократско, граѓанско општество.
Тренингот се одвиваше во две фази, првата фаза во Полска, каде преку симулациска игра учесниците се здобиваа со знаења за мирно решавање на конфликтни ситуации, а во втората фаза во Скопје, преку модулот „Театар на обесправени“ се здобија со знаења за препознавање на дискриминацијата и за тоа како на мирен начин, да се борат против неа.
ЦИВИЛ Медиа разговараше со еден од координаторите на проектот и со дел од учесниците на семинарот за нивните импресии, идеи и знаења со кои се здобиле.
Во продолжение може да ги видите изјавите на Патрик Грудзински, од KREISAU-INITIATIVE Полска, Даринка Ковачевиќ, претставник од организацијата „Базаарт“ Србија, Адмир Шаља, претставник на младинската невладина организација СХЛ Косово и на Ермин Климента, претставник на ЦИВИЛ:
[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=ynMf8sKevYw[/youtube]
[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=wWM11r3LLiw[/youtube]
[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=9HHKp9zXKJQ[/youtube]
[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=0bjxrahOwbY[/youtube]
Оваа вест е достапна и на: English