Инфо-штанд на ЦИВИЛ утре во центарот на Скопје

Во рамките на проектите „Набљудуваме!“ и „Напред“, утре од 12:00 до 13:30 часот, екипата на ЦИВИЛ - Центар за слобода ќе постави инфо-штанд кај преминот до „Палета“, во центарот на Скопје, ќе дели информативни материјали за мобилизирање на граѓан(к)ите да бидат дел од мониторинг тимовите за изборно набљудување на предвремените парламентарни избори, и ќе разговара со граѓан(к)ите.

14572241_1076824612436007_8776598618138832288_n

Граѓан(к)ите ќе имаат можност да се информираат за отворените позиции за краткорочни набљудувачи (за денот на изборите), долгорочни набљудувачи (активни најмалку четири недели пред денот на изборите и најмалку една недела по изборниот ден) и за мобилни мониторинг тимови низ целата земја. На самиот Инфо-штанд заинтересираните кандидат(к)и ќе може да пополнат апликација за изборен набљудувач/ка на ЦИВИЛ, или да се информираат како да аплицираат по електронски пат.

Проектот „Набљудуваме“ е поддржан од Амбасадата на САД, а проектот „Напред“ е поддржан од Амбасадата на Германија во Македонија.