Инфо – штанд на ЦИВИЛ во Скопје

ЦИВИЛ – Центар за слобода во рамки на проектот „Напред!“, по посетата на Лозово ,Чашка, Свети Николе, Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка, оваа недела продолжува со втората фаза на едукација и мобилизација на граѓанките и граѓаните за изборни набљудувачи.

Инфо-штанд со информативни и едукативни материјали за долгорочен мониторинг на изборниот процес, за набљудување на денот на изборите, за едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите, денеска ќе биде поставен кај преминот „Палета“ , улица „Васил Главинов“, од 12:00 до 13:00 часот.

Во среда, на 23 март, инфо-штанд ќе биде поставен на платото пред Универзитетот ЈИЕ во Стара Чаршија во истиот термин од 12:00 до 13:00 часот.

Прилеп, Напред!, 27 февруари 2016

Прилеп, Напред!, 27 февруари 2016

Активистите и претставниците на ЦИВИЛ ќе бидат на располагање на граѓанките и граѓаните за сите информации и прашања поврзани со изборното набљудување, но  и да споделат ставови, мислења и предлози за надминување на политичката криза и за остварување на услови за слободни избори.

Тетово, Напред!, 01 март 2016

Тетово, Напред!, 01 март 2016

Во првата фаза од проектот „Напред!“, ЦИВИЛ оствари комуникација над 30.000 граѓанки и граѓани низ Македонија и подели над 11.000 примероци на информативни и едукативни материјали, како и информации за можноста да се биде набљудувач на изборите.

Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.

Проектот „Напред!“ се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ и е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Оваа вест е достапна и на: Albanian