Инфо – штанд на ЦИВИЛ во Стара Чаршија

ЦИВИЛ-Центар за слобода го претставува проектот "Напред!" и во Скопје. Инфо штанд за условите и роковите за пријавување на граѓанките и граѓаните за изборни набљудувачи, како и информации за гласачкото право, ќе биде поставен на 24 март (четврток) на плато пред Универзитетот на ЈИЕ, на влез во Стара Чаршија, од 12:00 до 13:00 часот.

Освен информации за проектот "Напред!" и за условите за конкурирање за позиции во проектот, претставниците и активистите на ЦИВИЛ кои ќе бидат на Инфо штандот, ќе бидат на располагање да ги слушнат ставовите и информациите од граѓан(к)ите за нерегуларностите и кршењето на гласачките права.

Инфо-штанд во Скопје, 21 март 2016

Инфо-штанд во Скопје, 21 март 2016

Исто така, на Инфо штандот на ЦИВИЛ ќе може да се подигнат информативни материјали и бесплатни примероци на публикации со едукативна содржина во изборен контекст.

Изјава за поддршка на ЦИВИЛ може да се потпише онлајн, на веб-страницата, како и на Инфо штандот на ЦИВИЛ.

Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.

Проектот Напред! се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ и е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.