Инфо штанд на ЦИВИЛ за СЛОБОДНИ ИЗБОРИ

Од денеска, 17 септември, ЦИВИЛ ќе постави Инфо штанд за гласачките права на граѓанките и граѓаните и за човековите права и слободи воопшто, за барањата и предлозите на ЦИВИЛ за реформи во изборниот систем. Првиот Инфо штанд ќе биде на ул. Васил Главинов, кај преминот Палета, со почеток во 12 часот со времетрање од час и половина. Штанд ќе се поставува и на други локации во Скопје, најмалку два пати неделно.

На Инфо штандот, претставниците и активистите на ЦИВИЛ ќе бидат на располагање да ги слушнат ставовите и информациите од граѓан(к)ите за состојбите во нашата земја.

Исто така, на Инфо штандот на ЦИВИЛ ќе може да се подигнат информативни материјали и бесплатни примероци од публикации на ЦИВИЛ и на други организации за повеќе различни теми.

Изјава за поддршка на ЦИВИЛ може да се потпише онлајн, како и на Инфо штандот на ЦИВИЛ.

Граѓан(к)ите можат да пријават нерегуларности, кршење на правото на глас и на други човекови права и слободи на веб страната www.slobodniizbori.info, како и лично, во комуникација со претставниците на мониторинг тимовите на ЦИВИЛ, а од денеска и на Инфо штандот за СЛОБОДНИ ИЗБОРИ. 

За повеќе информации, јавете се на: тел. 02/5209176 или напишете ни порака на: [email protected] или на нашата ФБ страница.