Денеска, на пладне, тим на ЦИВИЛ - Центар за слобода ќе постави инфо-штанд на платото пред Универзитетот на Југоисточна Европа. На штандот ќе биде поделен информативен материјал со цел граѓан(к)ите да се запознаат со можноста да станат дел од мониторинг тимовите на ЦИВИЛ, во рамки на проектот „Набљудуваме!“, за предвремените парламентарни избори.
Покрај информативните материјали, на штандот скопјан(к)и ќе може да потпишат изјави за поддршка на ЦИВИЛ, како и да се пријават за краткорочни набљудувачи на денот на изборите. Сите заинтересирани своите апликации може да ги испратат на следниот линк.
Во наредниот период ЦИВИЛ ќе одржи и семинари за краткорочни набљудувачи кои ќе го следат изборниот процес, што треба да финишира на 11-ти декември.
Оваа вест е достапна и на: Albanian