Ниту дождливото време во Скопје не ги спречи активистите на ЦИВИЛ - Центар за слобода, да поделат информативни материјали на стотина граѓанки и граѓани и да ги информираат како да станат дел од мониторинг тимовите на ЦИВИЛ за изборно набљудување.
Скопјан(к)и беа заинтересирани за изборното набљудување, па дел од нив на самиот инфо-штанд што беше поставен кај „Палета“, пополнија апликации за да бидат дел од мониторинг тимовите на ЦИВИЛ, за следење на регуларноста на изборниот процес, што треба да се одржи на 11-ти декември 2016 година.
Освен активностите во Скопје, тимовите на ЦИВИЛ, вчера и денеска посетија 14 општини низ Македонија и поставија инфо-штандови во неколку од нив: Гевгелија, Струмица, Кичево,Битола..., во рамки на двата проекта: „Набљудуваме“ (“We are watching”), поддржан од амбасадата на САД и „Напред!“ (“Forward!”) поддржан од амбасадата на Република Германија.
По закажувањето на изборите на 11-ти декември, ЦИВИЛ ги интензивира своите активности за изборен мониторинг, а целта на двата проекта е поттикнување на граѓан(к)ите и подигнување на нивото на граѓанската свест за слободно гласање, без притисоци и влијание од политичките субјекти.