ИНИЦИЈАТИВА ЗА МИР И ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ПОКАНА ЗА СРЕДБА СО НОВИНАРИТЕ

Во рамките на Глобалната недела за акција против оруженото насилство (16-21 септември), Цивил – Центар за слобода ве поканува на кратка среба во Паркот на Жената  Борец, токму спроти Собранието на Република Македонија, утре (четврток) во 10:30 часот.

На средбата ќе ја претставиме Иницијативата за прогласување на Меѓународниот ден на мирот (21 септември) и Меѓународниот ден на човековите права (10 декември) за национални празници во Република Македонија. Веднаш по средбата, Иницијативата ќе ја доставиме до пратеничките групи во Собранието, во очекување дека ќе ја стават во собраниска процедура.

Воедно, ќе ги информираме новинарите и за другите активности во рамки на Глобалната недела за акција против оруженото насилство.

nogunГлобална недела за акција против оруженото насилство е иницијатива на Меѓународната акциона мрежа за малото оружје (International Action Network on Small Arms, IANSA). Оваа глобална акција започна на 16 септември и ќе трае до 21 септември 2013. Последниот ден од оваа глобална акција коинцидира со Меѓународниот ден на мирот, 21 септември.

 

 

Контакти:

02/5209176

[email protected]

Оваа вест е достапна и на: Albanian