Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој е во фокусот на вниманието на светските медиуми поради наводниот обид за воен преврат против него и неговата партија која владее во Турција, повторно се најде на удар, овој пат од Викиликс, кој објави неверојатни 300.000 мејлови преземени од членовите на неговата партија АПК.
Власта во Турција веднаш реши да возврати и да го блокира веб-сајтот на Викиликс, за да го ограничи информирањето на јавноста, но, сепак, некој требало да го предупреди Ердоган за илјадниците начини да се отвори веб-сајт иако е блокиран од одреден телекомуникациски провајдер. Иако власта имнаредила на провајдерите сајтот на Викиликс да не биде достапен за граѓаните, сепак, заинтересираните пронаоѓаат најразлични начини за пристапување до содржините од Викиликс. Линкот за да ја пребарувате базата на приватните мејлови на членовите на АПК можете да го проследите тука
Инаку, последните неколку денови, покрај вџашувачките коментари за неопходноста од враќањето на смртната казна во Турција, „за да не храни 90.000 луѓе по затворите“, Ердоган исто така, реши да се забрани патувањето во странствои на сите универзитетски професори во државата, оставајќи илјадници луѓе без основното демократско право на слободно движење. Покрај тоа, уапсени се илјадници офицери, војници, полицајци, судии, кои според владеачката партија на Турција, на некој начин биле вмешани во обидот за пуч, а десетици илјади Турци се избркани од работа.