Истражување за сексуалниот развој на младите

Меѓуродовите разлики укажуваат на нееднаквости во поддршката што во Македонија, момчињата и девојчињата со рани сексуални искуства,  ја добиваат од своите семејства и од врсниците. За разлика од момчињата, девојчињата се повеќе изолирани и препуштени самите на себе. Ова го покажуваат податоците добиени од истражувањето „Колку се еднакви и безбедни младите во Mакедонија во нивниот сексуален развој и сексуални искуства?“.

 

img_0022-777x437

Истражувањето го спроведе Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници. На денешната презентација зборуваа Лина Ќостарова – Унковска, главна истражувачка,  и Ирена Цветковиќ, извршна директорка на Коалицијата СЗПМЗ.

„Меѓуродовата диспропорција од 12:1 во пријавените сексуални искуства на момчињата и девојчињата, односно од 9:1 во употребата на кондом при првиот сексуален однос во групата на етнички Албанци/ки, е силна евиденција за родовата нееднаквост во однесувањата поврзани со сексуалното здравје кај младите во Македонија“, истакна Ќостарова – Унковска.

dtnchd

Истражувањето покажа и серија загрижувачки податоци за здравјето и искуствата на младите со хомо/бисексуална ориентација. Младите со изразена хомо и бисексуална привлечност се многу почести жртви на малтретирање во училиште, но и жртви на психичко и физичко насилство во домот, во споредба со нивните хетеросексуални врсници. Тие се речиси петпати почести жртви на сексуално вознемирување и полов напад , за што е многу веројатно дека најчесто немаат кому да се обратат.

Публикацијата се потпира на истражувачки резултати за сексуалните однесувања, интереси и заштита кај младите (15 години) од Македонија, добиени со нивно директно учество во меѓународната лонгитудинална (HBSC) студија.

HBSC Студијата e меѓународно истражување за однесувањата поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст (11 г., 13 г., и15 г.), кое се спроведува секоја четврта година, во 44 земји од Европа и Северна Америка.

Оваа вест е достапна и на: Albanian