Избирачкиот одбор во Теарце е во постојана телефонска комуникација

Според извештаите на набљудувачите на ЦИВИЛ - Центар за слобода кои го следат прегласувањето во избирачкото место 2011 во Теарце, членовите на Избирачкиот одбор се во постојана телефонска комуникација. Во периоди кога нема гласачи во избирачкото место, тие постојано го листаат и проверуваат Избирачкиот список. 

По реакцијата од еден од партиските набљудувачи, ова однесување на членовите на ИО се промени. ЦИВИЛ ги потсетува членовите на ИО дека споделувањето информации со партиски штабови и мобилизација на гласачи е спротивно на законот и на изборните процедури.

Оваа вест е достапна и на: English