Политичките партии имаат време до полноќ за последно претставување на своите кандидати за градоначалници во општините кои влегоа во вториот круг на локални избори.
Изборната кампања завршува, а од полноќ медиумите и сите учесници во изборниот процес, заклучно со 19 часот во недела, 29 октомври престануваат со секаков вид на ширење информации, фотогафии и друг вид на аудиовизуелни материјали поврзани со учесниците во изборниот процес.
Тоа подразбира дека ширење на пропаганда, партиско агитирање, водење кампања и други прекршувања на Изборниот законик се строго забранети.
ЦИВИЛ - Центар за слобода ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријават за секое кршење на изборниот молк на телефонските броеви 02 / 5209 176, 071 608 523, 078 / 746 138 и преку онлајн формуларот www.slobodniizbori.info.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ интезивно продолжи со набљудување на изборниот процес меѓу двата изборни круга и ќе биде на располагање на медиумите, граѓанките и граѓаните, како и на засегнатите страни во изборниот процес за сите информации поврзани со локалните избори.