Илустрација за вжештената предизборна атмосфера е кавгата која ја забележал нашиот набљудувач на плоштадот во Куманово. Две деца на возраст од 6-8 години, имале кавга за тоа кој претседателски кандидат е подобар. Следи избор од извештаите од предизборното набљудување на Цивил.
Секој граѓанин кој е симпатизер на една партија треба да приложи 400 денари во партијата како помош за предизборието. Тој вели дека има и хронично болни граѓани кои мора да одат на сите партиски митинзи, ако не сакаат да го изгубат работното места.
Забележани се и доделувања партиски задачи за собирање сигурни гласови. Човек кој е вработен како чувар, морал да донесе имиња на минимум тројца луѓе кои ќе го дадат својот глас за одреден претседателски кандидат.
Градоначалникот на Кавадарци и еден кандидат за пратеник, које е истовремено директор на јавно претпријатие, користат јавни ресурси, односно возила на претпријатија, за партиски цели.
Во Велес нашите набљудувачи исто така забележале низа неправилности во предизборниот процес. Поранешниот хотел Интернационал целосно бил излепен со плакати иако тој простор е забранет за тоа. Во едно јавно претпријатие, според нашите набљудувачи, од страна на раководството се вршат континуирани притисоци кон членовите и симпатизерите од друга партија.
Набљудувачот од Куманово ни јавува за еден случај, кога на една девојка која аплицирала за работа во едно од основните училишта, и било ветено дека ќе биде вработена, доколку нејзиното семејство премине од една во друга партија.
Илустрација за вжештената предизборна атмосфера е и кавгата која ја забележал нашиот набљудувач на плоштадот во Куманово. Две деца на возраст од 6-8 години, имале кавга за тоа кој претседателски кандидат е подобар.