Извештај за Референдумот во Дојран до 10 часот

Навремено отворени избирачки места, 8,55% излезеност, односно 234 лица го искористиле правото на глас до 10 часот, се првите информации од ОИК Дојран за референдумот во Дојран.

Граѓанките и граѓаните на Дојран денеска се изјаснуваат на референдумското прашање за или против изградба на  рудникот Казандол. Како што известуваат од ОИК Дојран досега немало никакви нерегуларности, а во КПД Идризово едно лице на Избирачкиот список го остварило првото на глас.

ЦИВИЛ - Центар за слобода ќе ја информира јавноста за текот на референдумот преку соопштенија и новинарски прилози на тимот на ЦИВИЛ Медиа. Информациитеќе за резултати од набљудувањето на терен ќе се објавуваат и на социјалните мрежи на ЦИВИЛ.

Граѓанките и граѓаните можат да пријавуваат нерегуларности на телефонските броеви: 078 746 138 и 075 389 698, а на располагање е и веб страницата Слободни избори за пријава на изборни нерегуларности или преку порака на Фејсбук страницата Слободни избори.  Пријава на политички притисоци, мобинг и дискриминација е онлајн аликација достапна на граѓанките и граѓините во секое време да пријавуваат нерегуларности.

Право на изјаснување на Референдумот во Дојран имаат вкупно 2,747 жители.