По ждребувањето во Државната изборна комисија, определен е редоследот на партиите на гласачкото ливче. На изборите ќе учествуваат шест политички партии и пет коалиции со 58 листи на кандидати, а за нивната политичка понуда на 11-ти декември, ќе се изјаснуваат 1.784.524 граѓан(к)и со право на глас.
На изборите кои по две одложувања, ќе се одржат на 11-ти декември, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе бидат број еден на гласачкото ливче.
Под реден број два е Демократската партија на Албанците (ДПА), а „тројка“ е Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Опозициската коалиција „За сободна Македонија“ на чие чело е СДСМ е под редниот број четири.
Редниот број пет на избирачкото ливче е за коалицијата „За промени и правда – Трет блок“ (ДС, ФРОДЕМ, МОРО-РП и ДЕМОС), „шестката“ е за Партијата за демократски просперитет (ПДП), а седма е коалицијата „Алијанса за Албанците“ (Движењето за реформи на ДПА; Унитети и НДП).
Со реден број осум е Либералната партија, а коалицијата „ВМРО - За Македонија“ (ВМРО-НП, Обединети за Македонија и Достоинство) е под реден број девет. „Десетката“ е за Движењето БЕСА, а под реден број 11 е партијата Левица.
Оваа вест е достапна и на: Albanian