„Многу сме загрижени од сите информациите кои ги добивме во последните неколку денови, за продлабочување на кризата во ССМ, која започна со обидот на Советот да го отповика претседателот на ССМ и продолжи со исклучување на четирите синдикати од Сојузот и консенквентно, со исфрлање од нивните канцеларии во зградата на ССМ. Уверени сме дека ова е штетно за македонското синдикално движење за кое вреди да се изнајдат подобри начини за разрешување за контроверзните внатрешни проблеми, на транспарентен и демократски начин, без насилство и со меѓусебно почитување“, се вели во писмото на Европската синдикална конфедерација (ETUC) и трите европски сојузи – Европската федерација на синдикатите од јавниот сектор (EPSU), Европската федерација на индустриски синдикати (IndustriAll Европа) и Европската федерација од земјоделие и прехрана (EFFAT)Како што стои во соопштението, европските синдикалци се длабоко загрижени од конфликтот меѓу раководството на ССМ и четирите грански синдикати.
„Ве поттикнуваме веднаш да ги запрете овие ескалирачки борби и да не си попречувате еден на друг во извршување на синдикалните акивности. Ова значи дека Ве повикуваме веднаш да воспоставите статус кво и да се воздржите од било какви активности, од денес па натаму“, апелираат европските синдикалци во објавеното писмо.
Тие предлагаат да се одржи заеднички состанок со делегација од ETUC и со европските синдикални федерации во Македонија, и да се разговара за можните решенија, имајќи ги предвид европските вредности. Во писмото на Европските синдикати се вели дека тие се подготвени да организираат заедничка мисија во првата половина од февруари.