Каков закон за медиуми и треба на Македонија?

Здружението „Млади европски федералисти“ – ЏЕФ Македонија, во соработка со скопската канцеларија на Фондацијата „Фридрих Еберт“, утре (среда, 17 февруари) во „Јавна Соба“ со почеток во 18,00 часот ја организираат дебатата „Каков закон за медиуми и треба на Република Македонија?“

Учесници во дискусијата ќе бидат Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари на Македонија – ЗНМ, Роберт Поповски, член на преговарачкиот тим за реформи во медиумите на СДСМ, Цветин Чилиманов, потпретседател на Македонската асоцијација на медиуми – МАН и  Снежана Трпевска – професор при Високата школа за новинарство и односи со јавноста.

Прашања за кои ќе се дебатира на настанот се: дали донесувањето на Закон за медиуми ќе придонесе кон подобрување на состојбата со слободата на медиумите во Македонија, каква треба да е улогата на Јавниот радиодифузен сервис, како новиот закон би влијаел врз работата на новинарите и како се регулирани медиумите во Европската унија... ?

Дебатата ќе биде пренесувана преку видео стриминг на линк кој утре ќе биде објавен на Фејсбук страницата на ЏЕФ Македонија.