„Каква Македонија сакам?“ во Битола

ЦИВИЛ – Центар за слобода организира јавна работна средба под мотото „Каква Македонија сакам?“ во Битола, општинска сала, в четврток 30 август, со почеток во 13 часот. Настанот е дел од проектот „Акција – Интеграција“ посветен на поддршката на демократските реформи, граѓанското учество, зелените иницијативи и европските вредности во Република Македонија.

На работилницата ќе биде презентиран проектот на ЦИВИЛ што се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија. Во работниот дел на овој настан, ќе се отвори дискусија на темите „Граѓанското учество во општествените процеси за поддршка на демократските реформи, зелените алтернативи и антинационализмот“.

Посебно внимание ќе се посвети на зелените иницијативи и стратегии, како и на прашањата поврзани со промоцијата и практикувањето на европските и зелените вредности, во пресрет на процесите за интеграција на Македонија во ЕУ.

На настанот се поканети претставници на локалната самоуправа, граѓанските организации, зелените иницијативи, политичките партии, медиуми, активисти. Средбата е од јавен карактер и отворена е за медиумите и заинтересираните граѓанки и граѓани.

Тимот на ЦИВИЛ ќе биде достапен за поединечни средби и разговори и по завршувањето на средбата.

Оваа вест е достапна и на: Albanian