Граѓанското движење за обнова на Македонија (ГДОМ), синоќа во Прилеп ги повика прилепчани да гласаат на изборите закажани за 5-ти јуни. Од собирот што се одржа на Паркот на револуцијата, што беше збогатен со спортско-музички активности, а како контраст на продемократскиот протест што се одржуваше во центарот на градот, академскиот сликар, Марјан Камиловски, член на ГДОМ изјави:
[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=rMMhyEqwiDM[/youtube]
Според него, „ние сме тие кои ќе бираат, кој ќе владее со нас следните четири години„... Тој побара од прилепчани да ја поразат „поранешната југословенска комунистичка партија, таканаречените социјалдемократи“.