Партиите учеснички на предвремените парламентарни избори и денеска продолжуваат со митинзи, промоции и средби со граѓаните и дипломатите.
Изборните каравани и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ денеска ќе ја посетат Источна Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ќе имаат митинзи во Виница во 17,30 и во Кочани во 20,00, а СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ денеска се во Пехчево 17,30 и во Берово во 19,00 часот.
Демократската партија на Албанците (ДПА) ќе има митинг во гимназијата во Тетово во 18,30.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе има митинзи во Боговиње во 18,00 и во с. Неготино во Општина Врапчиште во 19,00. Во Слободната економска зона во Тетово, во 11 часот, ДУИ ќе го промовира проектот за гасификација на Полошкиот регион, а Беким Незири, шеф на Изборниот штаб, напладне ќе има средба со Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ во Македонија, во партиското седиште во Мала Речица, а партијата
Коалицијата „ВМРО за Македонија“ денеска ќе оствари средби со граѓаните во Вевчани, Струга и во Ресен, со кои ќе разговараат лидерите Љубчо Георгиевски и Љубе Бошкоски.
„Коалицијата за промени и правда“ ќе одржи прес-конференција за загадувањето и уништувањето на шумскиот фонд, со предлог-решенија за овие проблеми, на патот кон Водно, на крстосницата кон Сончев Град, во 12,30.