На четири дена до предвремените парламентарни избори, денеска е претпоследниот ден на кампањата. Утре (петок 9 декември) на полноќ почнува изборниот молк.
СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ денеска ќе имаат митинзи во Радовиш во 17,30) и во Струмица во 19 часот. Лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе се сретне со претставници на Стопанска комора на Македонија.
Коалицијата „За подобра Македонија“ која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, ќе одржи митинзи во скопските населби - Бутел во 17, во Гази Баба во 19 и во Шуто Оризари во 21 часот.
„Алијансата на Албанците“ ќе одржи централен митинг во Скопје.
Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе има средби со граѓани во Општина Ѓорче Петров. пред Министерството за надворешни работи, пред Управата за јавни приходи и во скопската населба Припор од 12 до 15 часот.
„Коалицијата за промени и правда“ денеска ќе го одржи завршниот митинг во Скопје во ТЦ Бисер, во 17часот.